Мени

Димитриевски освоил двојно повеќе гласови од Ѓорѓиевски

15.10.2017 22:29 | KumanovoNews

Максим Димитриевски од коалицијата на СДСМ освоил двојно повеќе гласови од неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски.

Димитриевски освоил двојно повеќе гласови од Ѓорѓиевски

Според резултатите од општинската организација на СДСМ од преброените гласови Димитриевски освоил 24.000 гласа, а Ѓорѓиевски 13.000, а останале необработени уште 2000 ливчиња.

Советничката листа на СДСМ освоила 20.000 гласа, а ВМРО-ДПМНЕ 13.000 гласа, а необработени останале уште 1000 ливчиња.

Од СДСМ велат дека оствариле историска победа, каква што досега немале на ниту едни избори иако СДСМ на локално ниво никогаш не ја изгуби власта.