Димитриевски прогласи победа во Куманово
Кандидатот за градоначалник на СДСМ Максим Димитриевски прогласи победа и слави на Градскиот плоштад во Куманово.

Димитриевски тврди дека според резултатите од изборните штабови добил огромна подршка од граѓаните и победил уште во првиот круг.
„Првите информации кои што стасаа во штабот се дека СДСМ, со своите коалцииони партнери и со граѓаните на општина Куманово, денеска се избори за една голема историска победа во општина Куманово.Ја добивме апсолутната поддршка од сите граѓани и заедно со граѓаните ги надминавме сите стереотипи.Буквално сите граѓани се одлучија за проектот и за концептот за живот во Куманово и во Македонија.Воедно ја користам приликата да се заблагодарам на сограѓаните што излегоа денеска на избори и најдостонствено и на демекортаски начин ја дадоа својата поддршка за живот во Куманово и воедно ми дадоа можност, чест и одговорност во следните четири години да го менаџирам нашиот град и ги увреувам дека она што беше ветено и презентирано во изборната програма ќе биде во целост реализирано во најбрз период.Тука пред се очекувам помош од Владата предводена од Зоран Заев и неговиот тим, - изјави Димитриевки.
Тој нагласи дека согласно информациите кои ги има резултатот во однос на најдобро пласираниот кандидат е скоро два пати поголем и тој тренд се држи во скоро сите населни места во Куманово.
„Истиот сооднос е и за советничката листа.Не знаеме колку советници имаме тоа ќе го покаже донтовиот модел, но во следниот состав коалцијата ќе го има мнозинството во советот“, - рече Димитриевски.
Според изборните резултати на СДСМ до 21.30 часот обработени се 76 од 167 избирачки места, пришто СДСМ освои 12.519 гласа, а ВМРО-ДПМНЕ 6.693 гласови.