Димитриевски се извини на министерот Ахмедовски
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски се извини на министерот без ресор Аксел Ахмедоски, поради вчерашното доцнење на состанокот во Општина Куманово.

Градоначалникот се правдаше дека не стигнал на време на средбата затоа што имал итен состанок со бизнисмените.
„Искрено жалам поради незадоволството на министерот. Ја користам оваа прилика да му се извинам. Воедно ќе се обидам во следниот период да го посетам лично министерот и ќе покажам дека немало намера. Министерот беше примен во Општина Куманово на предходно закажан состанок во мојот кабинет од страна на моите соработници, но заради потребата на група граѓани бизнисмени, кои инсистираа на итен состанок со мене, го замолив министерот да има малку трпение и да ме почека да го завршам состанокот. Воедно сакам да кажам дека без разлика на нашите позиции коишто ги вршиме, мојот приоритет се граѓаните на Општина Куманово. Испраќам порака до сите носители на јавни и политички функции дека во периодот на мојот мандат секогаш приоритет ќе имаат граѓаните во однос на останатите. И уште еднаш да потенцирам дека искрено жалам за моето доцнење на состанокот, бидејќи бев спречен, - изјави Димитриевски.