Димитриевски во посета на Гњилане, отпочнува проектот за реконструкција на Зелениот пазар
Градоначалникот Максим Димитриевски, директорот на ЈП „Пазаришта„ Илир Саити и претставници од општинската администрација, вчера беа во посета на Општина Гњилане, Косово.

Целтта на посетата е координиција и презентација на проектите за реконструкција и модернизација на зелените пазари во двете општини.
Проекот за меѓугранична соработка ќе се реализира со средства од Европската унија, во вкупна вредност од 324.766,11 евра, по приближно 50 отсто за секоја од двете страни.
Во општина Куманово е предвидена реконструкција на второто ниво на зелениот пазар со еколошки и енергетски решенија, поточно замена на азбесните плочи од кровната конструкција, замена на подните плочки и рекострукција на тоалетите. Инвестицискиот дел изнесува 89.000 евра без ДДВ.
Проектот опфаќа и обуки за земјоделците во двете општини, организирање на мобилни пазари и прекугранични недели за заеднички настап на пазарите.
Градоначалникот Димитриевски изрази благодарност за соработката, и нагласи дека преку заедничкиот проект за модернизација на пазарите добивка ќе имаат трговците и граѓаните. Тој додаде дека имплементацијата на овој проект е многу важна и ќе има долгорочен ефект во иднина, за граѓаните од двете општини.
Во посета на Гњилане беа и претставници од Крива Паланка, предводени од градоначалникот Борјанчо Мицевски, а делегациите се сретнаа со работните групи и градоначалниците на Гњилане и Витина Љутфи Хазири и Сокол Халити.
Проект за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Косово ќе се реализира и во општините Крива Паланка и Витина, за изградба на пешачки патеки и шеталиште покрај Крива река и Морава, уредување на спортски терени и заштита на животната средина.