Димковиќ исклучен од Српската партија, бараат смена и од заменик министерската функција
Претседателот на општинскиот одбор на Српска партија во Старо Нагоричане и заменик министер за земјоделство Власте Димковиќ исклучен е од партијата.

На вчерашниот состанок на централниот одбор мнозинството одлучило да го исклучи Димковиќ од партијата, затоа што за време на локалните избори работел против нејзините интереси.
„Во нашиот статут во член 12.14. стои дека сите членови кои ќе работата против партијата ќе бидат исклучени. Димковиќ во првиот круг на изборите работеше за партијата на Јанко Бачев, наместо за коалицијата на СДСМ. Одлуката ќе ја проследиме и до премиерот Зоран Заев и ќе побараме Димковиќ да биде сменет од функцијата заменик министер“, - изјави пратеникот Мирослав Јовановиќ, претседател на СПМ, за Кумановоњус.
Јовановиќ додава дека поради однесувањето на Димковиќ, Српската партија изгубила советнички места во Советот на општина Старо Нагоричане, а сегашната градоначалничка Жаклина Јовановска не победила уште во првиот круг од локалните избори.Тој не сакаше да каже кој ќе го наследи заменик министерот, тоа ќе го сторат откако Димковиќ ќе биде разрешен во Собранието.
Од партијата предходно биле исклучени и двајцата негови подржувачи кои се најдоа на советничката листа на Бачев за Старо Нагоричане.