×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дива депонија на Пчински пат

    17.10.2017 09:45 | KumanovoNews

    Жителите на улицата Народна револуција, во близина на фабриката „Босут“ на Пчински пат, се жалат дека покрај нивните куќи се создава дива депонија.

    Дива депонија на Пчински пат

    Несовесни граѓани секојдневно оставаат вреќи со смет покрај патот и контејнерот, па целиот простор е извалкан и претворен во ѓубриште. Ако оваа појава не престане во најскоро време постои опасност од појава на заразни болести и сериозно загадување на животната средина во овој дел на градот.

    „Имаме мали деца, а секако и за сите нас повозрасните што живееме во близина е опасно по здравјето, а од кучиња скитници кои се собираат околу сметот не можеме да излеземе од дома. Ѓубрето го фрлаат од околните куќи, но доаѓаат и жители од населбата Бабин Дол, бидејќи таму немаат контејнери. Се случува и луѓе кои се на пат кон градската депонија да видат дека тука има мини депонија и да го остават ѓубрето, а од јавното претпријатие не го чистат редовно“, - вели еден од засегнатите граѓанини.

    Тој тврди дека се случувало неколкупати и мини возилата на ЈП „Чистота и зеленило“ да го истурат сметот покрај нивните куќи наместо на депонијата Краста, со образложение дека подоцна ќе помине голем камион и ќе го собере, а тоа не се случувало.

    Жителите бараат од градските власти да ја исчистат депонијата и да го заштитат просторот, да постават барем два големи контејнери, од кои редовно ќе се изнесува сметот.