Ѓеорѓиевски вети три училишни спортски сали во Куманово
Изградба на три училишни спортски сали планира ВМРО-ДПМНЕ, доколку победи на локалните избори и дојде на власт во општина Куманово.

Кандидатот за градоначалник на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција најави дека како одговорна партија ќе продолжат со практиката по која се препознатливи, а тоа е прецизно дефинирање и лоцирање на проектите, кои ќе ги реализираат во наредните 4 години.
“Еден од спортските објекти со кој планираме во наредните 4 години да ја оправдаме довербата на граѓаните е изградба на спортската сала во средното техничко училиште „Наце Буѓони“. Тоа е ветувано многупати досега но не е реализирано, иако ова училиште е старо 50 години, а го посетуваат над 1900 ученика. Сметаме дека ова ќе биде топ проект за училиште кое се наоѓа во централното градско подрачје, за кое спортската сала е од суштинско значење, - изјави Ѓорѓиевски.
Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ предвидена е и изградба на спортски сали во гимназијата „Гоце Делчев“ и основното училиште „Ероним Дерада“ во Черкеско село.