×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ѓорѓиевски му честиташе на Димитриевски

    16.10.2017 17:00 | KumanovoNews

    Кандидатот за градоначалник на Куманово од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски, попладнево му ја честиташе победата на неговиот противкандидат од СДСМ, Максим Димитриевски.

    Ѓорѓиевски му честиташе на Димитриевски

    Тој истакна дека ќе ја почитува вољата на граѓаните и порача новата локална власт да има чесен однос кон сите граѓани.

    „Му честитам на победникот и на сите кои се чувствуваат себеси за победници и ги потсетувам дека Куманово е наш град, на сите нас и треба да имаат чесен однос кон сите граѓани, а тоа значи почит, толеранција и помагање на секој граѓанин.Сакам да се заблагодарам на сите граѓани, кои со својот глас на локалните избори донесоа одлука во каков град и во каква држава сакаат да живеат и јас таа одлука ќе ја почитувам. Не сакам да ги делам граѓаните на наши и нивни, бидејќи во своето живеење во овој град никогаш не сум ги делел„- изјави Ѓорѓиевски.

     Тој се заблагодари на своите соработници и активисти на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ за нивниот несебичен ангажман и целосно вложување во оваа кампања, која по многу нешта била уникатна и специфична.

    „Им се заблагодарувам и на она наше членство кое ја згази лојалноста, а даде приоритет на личниот интерес, пред националниот. Допрва ќе сме сведоци низ какви премрежја ќе поминува Куманово и Македонија, период на историски одлуки со кои треба да се сочува честа и гордоста да се биде Македонец со име и презиме, со самопочит кон себе и кон другите, - изјави Ѓорѓиевски, кој беше поздравен со аплауз од тимот соработници и идните советници,  на денешната прес-конференција.     

    Тој жали што поголемиот дел од граѓаните не ја препознале неговата визијата за идно Куманово, која достоинствено ја презентирале во кампањата.