×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ѓорѓиевски најавува доуредување и промоција на постојните индустриски зони

    26.09.2017 16:11 | KumanovoNews

    Кандидатот за градоначалник на Куманово од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски, денеска презентираше дел од програмата и мерките, кои се предвидени во предизборната програма.

    Ѓорѓиевски најавува доуредување и промоција на постојните индустриски зони

    „Покрај најавената ТИР зона на локалитетот Аџитепе, една од нашите мерки ќе биде помагање на веќе постојните диви индустриски зони, со инфраструктурно доуредување и  сообраќајно технички решенија, промоција за поуспешна работа и зголемување на постојните капацитети и намалување на најакутниот проблем на општина Куманово, тоа е големата невработеност, - изјави Ѓорѓиевски.

    Тој најави и изработка на економски каталог, во кој ќе се објави микро и макро економската состојба на градот, каталог со постојните фирми, нивните капацитети и нивните дејности, човечките и природни ресурси, кои ќе им служат на странските инвеститори.