Ѓорѓиевски: Нека победи најдобриот
Се надевам дека изборите ќе поминат мирно, а нека победи најдобриот, - порача денеска кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски, откако го исполни своето гласачко право во Училишниот диспанзер во Куманово.

„Онака по кумановски, домаќински, одговорно, три генерации на семејството Ѓорѓиевски дојдоа да си ја исполнат својата граѓанска должност, да го дадат својот допринос во промената која треба да се случи во Куманово. Mе радува тоа што кумановци покажаа зрелост и свесност за тежината на овие избори, мирни и одговорни избори. Се надевам дека целиот ден ќе помине така и на крај нека победи најдобриот, - изјави Ѓорѓиевски.