×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • До 31 март ќе се примаат барања за легализација

    24.12.2015 15:39 | KumanovoNews

    До крајот на март 2016 година, граѓаните ќе можат да поднесуваат барања за легализација.

    До 31 март ќе се примаат барања за легализација

    Деновиве стапи на сила измена и дополна на Законот за бесправно изградени објекти, во кои се определува нов временски период за поднесување на барање за легализација на дивоградби. Сите оние граѓани кои не успеале да го остварат своето законско право  да пуштат барање, ќе можат да ги достават до секторот за урбанизам, а до 2017 година ќе треба да достават елаборат.

    Ние не можеме ништо да прогнозираме, можам само да кажам дека во овие три дена до секторот пристигнаа стотина барања, така што претпоставка е дека ќе биде околу 3000 нови дивоградби кои што ќе бидат легализирани од страна на секторот. Граѓаните треба да знаат дека ќе бидат легализирани само оние објекти кои што се изградени пред 31 март 2011 година, додека сите оние кои што се изградени по овој временски период нема да бидат предмет на легализација. Сите оние кои што имаат доставено барање во првиот рок, мораат согласно закон да достават елаборат до крајот на 2016 година , во спротивно ќе им бидат затворени барањата, додека овие нови во дополнителен рок ќе ги разгледуваме до 2017 година - рече Лидија Ланг Спасовска, раководител на секторот за урбанизам во општина Куманово.

    Од примените 19.000 барања во првиот рок досега во секторот за урбанизам се доставени околу 9.500 елаборати.