Доцни назначувањето на нов претседател на општинската СДСМ
Сеуште нема одлука од централата во Скопје кој ќе ја води општинската организација на СДСМ Куманово во наредните 4 години.

Иако Зоран Заев требаше изборот да го направи уште минатата недела, изгледа му треба повеќе време да се одлучи меѓу предложените кандидати.
„Неизвесноста трае, нема никава информација од Скопје. Иако се очекуваше дека лидерот ќе ги повика кандидатите на консултации, но засега нема ништо. Во меѓувреме секој си лобира и се надева“, - вели партиски извор.
За највисоката општинска партиска функција конкурираа четворица кандидати: Мартин Костовски досегашен претседател, Горан Стојковски директор на ЈП Водовод, Томица Илиќ секретар на општинската организација и Даниел Стојчевски советник на градоначалникот.
Оној кој ќе ја добие подршката на Заев ќе предложи свој тим и членови за општинските партиски тела.
Со оглед на големата поделеност и фракционерство во огранокот, новиот претседател треба да го обедини членството по локалните избори.