×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Додик вети помош за еден инфраструктурен проект во Старо Нагоричане

    13.10.2017 15:44 | KumanovoNews

     Претседателот на Република Српска Милорад Додик, при денешната посета на Старо Нагоричане најави помош за решавање на еден инфраструктурен проблем во општината.

    Додик вети помош за еден инфраструктурен проект во Старо Нагоричане

    „Разговаравме со актуелниот градоначалник, а верувам и со новиот, на кој начин ќе соработуваме. Прво што сакаме да направиме е да обезбедиме контакти на ниво на општините во Република Српска заради поблиска соработка. На почетокот на наредната година, јас ќе обезбедам од нашата Влада помош за еден инфраструктурен проект. Општината нека избере што е приоритетно. Со тоа сакаме да покажеме дека нашите намери се сериозни, и да покажеме солидарност кон луѓето што живеат овде“, - изјави Додик.

    Зад затворени врати со високиот гостин разговараше градоначалникот Милован Стојковски, а беше истакнато дека ова е прв претседател кој ја посетил Општината Старо Нагоричане.

    Додик ја посети и црквата Свети Ѓорѓи.