Дома чувал оружје и муниција
07.03.2018 14:54
| KumanovoNews
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против А.А. (47) од с. Оризаре, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

На 28.11.2017 година, при претрес во домот на пријавениот во село Оризаре, полициски службеници пронашле еден тромблонски додаток и седум куршуми од различен калибар.