ДУИ се заблагодари на гласачите во Куманово
18.10.2017 18:00
| KumanovoNews
Демократската унија за интеграција (ДУИ) им се заблагодари на граѓаните на Куманово, коишто на локалните избори гласаа за нивната партија. ДУИ освои 3 советнички места во Советот на општина Куманово.

„ДУИ е апсолутен победник во албанскиот блок во Куманово, со освоени 3 советнички места. Тоа што го најавив на отворањето на изборниот штаб, ние ќе бидеме победници, тоа и го остваривме. Го вративме приматот на прва партија во градот во албанскиот блок и тоа е огромно задоволство за целото раководство, членство и симпатизерите“, - изјави Илир Саити од ДУИ, шеф на изборниот штаб.