×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДУИ влегува во голема битка за повторување на резултатите од 2013, вели шефот на изборниот штаб Саити

    25.09.2017 18:17 | KumanovoNews

    Демократската унија за интеграција(ДУИ) вечерва го отвори општинскиот штаб за престојните локални избори во Куманово.

    ДУИ влегува во голема битка за повторување на резултатите од 2013, вели шефот на изборниот штаб Саити

    Пред голем број на членови и симпатизери на партијата се обрати шефот на изборниот штаб Илир Саити.  

    „ДУИ и официјално започна со кампањата на локалните избори 2017. Овој ден е среќен за нас, за активистите и структурата на ДУИ, бидејќи влегуваме во една голема битка за повторување на резултатите од изборите во 2013 година. Ние имаме општински штаб со 8 локални штабови, со 300 активисти во целиот реон на општина Куманово. Од нашето основање во 2002 година ДУИ води фер и демократска кампања, така ќе биде и сега, - изјави Саити.

    Носителот на листата Фатмир Идризи, истакна дека програмата на ДУИ содржи мерки за подобар живот на граѓаните на Куманово, додека досегашниот советник Фериз Дервиши, кој е втор на листата, вели дека еден од приоритетите на идните советници ќе биде како и досега соживотот на граѓаните.

    „Нашиот ангажман ќе биде на подобрување на животниот стандард на граѓаните, тука спаѓаат: инфраструктурата, образованието, социјалната политика, вработувањето... Посебен акцент ќе дадеме на меѓуетничките односи и соживотот, бидејќи на ова поднебје секогаш сме имале добри односи со останатите етнички заедници, ќе продолжиме и понатаму да ги негуваме и да ги сочуваме благодетите кои ни се дадени во Куманово, - изјави Дервиши.

    ДУИ во доегашниот Советот на општина Куманово имаше 4 советника и беше во владеачката коалиција со СДСМ .