Мени

Два пожари на отворено во “Перо Чичо“

09.08.2018 08:37 | KumanovoNews

  Два пожари на отворено избувнале вчера во населбата „Перо Чичо“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).

Два пожари на отворено во “Перо Чичо“

Пожарникарите интервенирале од 13 до 14.30 часот на ганење на пожар на сува трева во атарот на населбата „Перо Чичо“. Втората интервенција била на запално ѓубре во дива депонија околу 18 часот.

Со зголемување на температурите се почеста појава се пожарите на отворено.