Дваесетгодишна девојка пријавена за исчезната
14.05.2018 07:35
| KumanovoNews
Дваесетгодишна девојка е пријавена за исчезната откако пред два дена излегла од дома и не се вратила.

М.З.(20) заминала од дома во саботата околу 9 часот, по што и се губи секаков траг. Откако семејството не успејало да ја пронајде, нејзиното исчезнување го пријавиле во полиција.
„Вчера во 15 часот во СВР Куманово, М.З. (39) од Куманово пријавила дека нејзината ќерка М.З.(20) на 12.05.2018 година околу 09.00 часот излегла од нивниот семеен дом и не се вратила“-соопштува МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на девојчето.