Двајца кумановци извршиле промена на вин бројот на возилата
28.10.2015 13:11
| KumanovoNews
Двајца кумановци по пат на механичка обработка извршиле промена на вин бројот на своите возила.

Полицајци во јули годинава го запреле Џ,С.(55) од Куманово кој управувал Голф, при што е констатирано дека со механичка обработка го променил вин бројот на возилото.
Во септември Б.Б.(54) од Куманово е запрен со автомобил Фолксваген поло, и кај него е откриено дека со механичка обработка го променил вин бројот на автомобилот.
Против двајцата се поднесени пријави за постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа.