Двајца повредени при судир на две возила на патот Куманово – Крива Паланка
08.03.2018 13:04
| KumanovoNews
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска во 11.50 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, на местото „Ливади“.

Во несреќата дошло до судир на две возила Сеат толедо со скопски регистарски таблици, управувано од Ќ.Т. (51) од село Блаце и „Форд мондео“ со кумановски регистарски таблички управуван од Б.А.(45) од Куманово.
Во незгодата, двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди и се префрлени во Ургентниот центар во Скопје.
Сообраќајот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, како што информираше АМСМ е во прекин од 12:05 часот.