Еден убиен и двајца повредени кумановци пред седиштето на ДУИ во Мала Речица
05.04.2018 18:44
| KumanovoNews
Наим Реџепи (47) од Куманово е убиен, а уште двајца кумановци се тешко повредени вечерва пред седиштето на ДУИ во Мала Речица.

Според партиски избори од ДУИ, повреден е и братот на Реџепи, како и еден од напаѓачите кој живее во селото Черкези.
Пукањето почнало по вербална расправија меѓу две групи политички ривали пред седиштето на партијата.
Се очекува МВР да излезе со детали за крвавата пресметка.