Елена Јаќимовиќ кандидат на ДПСМ за градоначалник на Старо Нагоричане
15.09.2017 08:44
| KumanovoNews
Елена Јаќимовиќ од ДПСМ е кандидат за градоначалник на општина Старо Нагоричане.

Јаќимовиќ е доктор по стоматологија, а работи во сопствена ординација.
До сега не е политички експонирана, а во јавноста е позната како сопруга на предходниот претседател на огранокот на ДПСМ Бобан Јаќимовиќ.
Нејзин противкандидат ќе биде Жаклина Јовановска од СДСМ.
Од ДПСМ денеска објавија дека кандидати за советници на листата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Куманово се: Саша Николиќ, Мирослав Тричковиќ и Александра Тасиќ.