Етнолошка изложба „Украсите на влашката носија“
17.05.2018 09:34
| KumanovoNews
Во Уметничката галерија во Куманово вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Украсите на влашката носија“.

Ќе бидат изложени декоративните елементи, монистрени и везбени украси од влашката народна носија и традиционалниот накит, збогатени со фотографии и видео-проекција.
Автори на изложбата: Валентина Илиевска, кустос етнолог и м-р Мартин Наковски, кустос етнолог во НУ Музеј - Куманово.
Изложбата се организира по повод 18. Мај - Меѓународен ден на музеите.