ЕУ ги претстави своите фондови во Куманово
Во организација на Делегацијата на ЕУ Скопје, денеска во Куманово се одржа работилница за достапноста на ЕУ фондовите, на која присуствуваа претставници од општината, училиштата, институциите, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата.
- Уште една работилница која што ја остваривме, со цел да им се приближиме на граѓаните и со цел да обезбедиме повеќе информации за достапните ЕУ фондови, но исто така многу е значајно што тука успеваме да добиеме повратни информации од самите граѓани за да знаеме како ние да ги подобриме работите во однос на добивањето на ЕУ фондовите, изјави Никола Бертолини раководител на секторот за соработка на делегацијата на Европската Унија.
Бертолини вели дека Куманово е опфатено со многу програми кои се нудат од ЕУ, пред се земјоделството и подобрување на конкурентноста, што се дел од новите програми кои допрва се очекуваат да се реализираат. Тој изрази задоволство од посетеноста и посветеноста на присутните кои сакаат да учествуваат во овие проекти и да го подобрат животот воопшто.