×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фалсификувале документи за да учествуваат на оглас

    04.11.2015 13:43 | KumanovoNews

     Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.Б.(43) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против И.Б.(49), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

    Фалсификувале документи за да учествуваат на оглас

     Р.Б. како управител на ДТПУ „М-Трго Авто“ ДООЕЛ-Скопје му дозволила на второпријавениот во претходно изготвено уверение за даноци и придонеси издадено од Управата за јавни приходи во кое од 2010 година на правното лице му била блокирана сметката, по што истиот ги избришал оригиналните податоци за фактичката состојба на фирмата и впишал невистинити податоци. По ова, првопријавената фалсификуваното уверение го употребила како вистинито за да учествува на јавен оглас во ЈП „Чистота и Зеленило“-Куманово.