×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фатен разбојник кој со нож напаѓал продавачки во маркети

    05.03.2018 12:35 | KumanovoNews

    Кумановската полиција до ОЈО, поднесе кривична пријава против Ф.А.(48) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела - разбојништво и разбојништво во обид.

    Фатен разбојник кој со нож напаѓал продавачки во маркети

    Минатиот вторник Ф.А. со закана со нож извршил разбојништво во обид во маркет на бул. „Октомвриска револуција“. Откако вработената почнала да вика на цел глас, тој побегнал од местото без да одземе ништо.

    Еден ден потоа, во среда, околу 18.30 часот во маркет на крстосницата од ул.„11-ти Октомври“  и ул. „Сава Ковачевиќ“ со закана со нож од вработената одзел 9.060 денари, по што побегнал.

    По преземени мерки и извршен претрес, врз основа на судска наредба, Ф.А. бил приведен и задржан во полициска станица. Во службен разговор тој го признал и појаснил начинот на извршување на делото.