×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Финишира проектот “Изградба на мостот на туризам - спој на заедничко наследство”

    03.10.2018 10:26 | KumanovoNews

     Делегација од Старо Нагоричане, предводена од менаџерскиот тим и градоначалничката Жаклина Јовановска, ја посети Општина Рила, Бугарија, како дел од проектот “Изградба на мостот на туризам- спој на заедничко наследство”.

    Финишира проектот “Изградба на мостот на туризам - спој на заедничко наследство”

    Главна цел на проектот е подобрување на туристичкиот потенцијал на регионот преку иницијативи за соработка во подобра заштита и одржливо користење на природното и културното наследство.

    - По свечениот дочек во зградата на општина Рила, нашата група и градоначалничката Јовановска ја посетија црквата Св. Николај од Мира, како и реновираниот преку овој проект манастир Св. Архангел Михаил, во кој беше реставриран извонредно артистички иконостас и беше свечено отворен за време на оваа посета. За крај на денот, групата од Старо Нагоричане имаше организирана посета на Рилски манастир и вечера со официјалните лица од општината и членови на проектот од бугарската страна, - изјави Далибор Тасевки, проект менаџер.

    Проектот е во завршна фаза, а е резултат на одлична соработка меѓу двете општини и ќе биде комплетиран до крајот на октомври кога како завршна церемонија ќе биде отварањето на реновираниот инфо центар во с. Младо Нагоричане на 16. и 17. октомври. Дводневниот настан ќе биде збогатен со посета на делегација од триесетина гости од Општина Рила, заедно со градоначалникот Георги Кабзималски, кои ќе ги посететат сите историски и природни знаменитости кои се основа за промоција на Општината Старо Нагоричане во иднина.