„Физика на тагата“- премиерно во Кумановскиот театар
03.07.2018 10:25
| KumanovoNews
Претставата „Физика на тагата“ од Горги Господинов, во режија на Милош Б. Андоновски, во петок ќе биде изведена во Кумановскиот театар.

Драматизацијата е на Ивана Нелковска, а актерската екипа ја сочинуваат Горан Илиќ, Марко Трајковиќ, Јасмина Василева, Александра Пешевска, Кети Дончевска Илиќ, Нина Максимовска и Симона Дамковска.
Костимите се на Марта Дуфне,а сценографијата и плакатот го изработи Наташа Вчкова.
Романот „Физика на тагата“ од бугарскиот писател Господинов е еден од најчитаните романи кај нас, но и пошироко.