×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фото кино клуб „Козјак“ слави 70 години постоење

    29.05.2018 10:59 | KumanovoNews

    Фото-кино клуб „Козјак“ оваа година слави 70 години постоење. Големиот јубилеј ќе се одбележи со неколку настани кои ќе се одржат оваа недела.

    Фото кино клуб „Козјак“ слави 70 години постоење

    Прославата започнува вечерва во „Кашмир рокенрол бар“ каде што ќе се одржи мини изложба како и проекција на фотографии од членови на фото-кино клубот „Козјак“ заедно со фотографии од членовите на пријателските клубови од целиот Балкан. Овој настан започнува во 20 часот.

    Клубот е формиран 1948 година, и оваа година славиме 70 години постоење. Вечерва започнуваме со неформалната изложба, што е прва од низата манифестации. Утре во свечената сала на Занатскиот дом ќе биде одадена почест на нашиот филмски работник Лазар Ѓорѓевиќ кој не напушти минатата година. Во состав на вечерта ќе бидат прикажани негови филмани кои ги има снимено како режисер во неговата богата кариера. Во четврток ќе се одржи нашата традиционална изложба „Мајски салон“ а прославата ќе ја завршиме со премиера на филмот „Копање“ на Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов - изјави Дејан Ангеловски, претседател на ФКК Козјак.

    Тој ги повика сите љубители на фотографијата и филмската уметност да се приклучат во низата настани и да бидат дел од големата прослава на клубот.