Гимназијалците најдобри во регион по противпожарна заштита
18.11.2011 11:59
| KumanovoNews
Екипата на гимназијата „Гоце Делчев„ победи во категоријата средношколци на регионалниот натпревар за противпожарна заштита што денеска се одржа во Кратово.
Со тоа се здоби со право да го претставува регионот на републичкото натпреварување што ќе се одржи во Кичево.Во категоријата на основни училишта екипата на основното училиште Браќа Миладиноци го освои третото место. На натпреварувањето учествуваа претставници од сите општини во североисточниот регион, квизовите ги организира Сојузот за противпожарна заштита.