Гласајте за најдобар сајт за 2015 година
Кумановоњус и оваа година е во трката за најдобар сајт на годината.

Mанифестацијата "Сајт на Годината" во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk, се одржува по шести пат оваа година. Прогласувањето на најдобрите сајтови за 2015 година ќе се одржи на 14 декември 2015 година во фоајето на МОБ во 19 часот.
Изборот на “Сајт на Годината“ е проект која има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на Годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.
Поддршка можете да ни дадете со гласање на следниот линк www.sajtnagodinata.mk.