Го нападнале со француски клуч и тупаници
07.11.2017 12:03
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ш.К.(33) и Ш.К.(41), двајцата од Черкеско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

Ш.К. на 26.септември годинава околу 15.00 часот, во кафе бар на улица „Илинденска“ во Куманово со клуч за одвртување на тркала на возило го нападнал А.М.(39) од с.Черкези, а Ш.К. (41) го удирал со тупаници и клоци во пределот на главата и телото.