×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Го ограбиле, па му пукале во возилото

    21.12.2017 14:00 | KumanovoNews

    М.С.(38) од Куманово доби кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела тешка кражба и предизвикување на општа опасност, како и против М.Н.(28) од кумановското село Романовце, А.Љ.(34) од Скопје и А.С.(28) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.

    Го ограбиле, па му пукале во возилото

    На 16 октомври годинава откако пријавените извршиле тешка кражба во село Лажани се упатиле кон село Дебреште, прилепско, во домот на Е.И.

    Кога Е.И. се вратил и ја забележал кражбата, заедно со други две лица почнале низ селото да се распрашуваат за сторителите при што забележале автомобил голф, во кој биле пријавените лица.

    Откако Е.И. им се обратил на крадците, М.С. извадил пиштол и испукал еден куршум, по што сопственикот се исплашил и заминал со возилото, а првопријавениот испукал уште еден куршум, со којшто го погодил задното лево крило на возилото на Е.И.