Го викнал да се смират, па го пробол со нож
Во дискотека во с.Проевце, ноќеска во 2.30 часот по полноќ, додека лицата Ф.A.(26) и Р.В.(25), двајцата од Куманово, седеле на една од масите, дошол И.Ф. од Куманово и почнал да им се заканува.

Од вработените во обезбедувањето на дискотеката бил избркан од објектот. Околу 04.00 часот, Ф.А. и Р.В. со патничко возило „Мини Купер“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Р.В.,тргнале на бензинска пумпа лоцирана на бул. „Октомвриска Револуција“, која се наоѓа во близина на с.Проевце. Во непосредна близина на бензинската пумпа, на улицата излегол И.Ф. кој им дал знак да застанат. Р.В. застанал и излегол од возилото, по што И.Ф. со гумена палка го удрил во пределот на главата и побегнал од местото. По кратко време И.Ф. му се јавил на Ф.А. да дојдат во близина на истото место за да се смират. Ф.А. и Р.В. отишле на местото, каде ги чекал И.Ф.
Додека Ф.А. излегувал од возилото, И.Ф. со нож го прободел во десната нога, а потоа со неговото патничко возило „Ауди А3“ со кумановски регистарски ознаки, заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.