Голема Богородица неработен ден за православните верници
21.08.2015 14:29
| KumanovoNews
28 август 2015 година (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека тоа е согласно со Законот за празниците на Република Македонија,.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија им ја честита Голема Богородица.