Голема Богородица-неработен ден за православните верници
27.08.2018 13:13
| KumanovoNews
Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека тоа е согласно со Законот за празниците на РМ.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) на граѓаните од православна верисповед во Република Македонија.