Гореше автомобил во центарот на Куманово
22.10.2015 08:49
| KumanovoNews
Автомобил Фиат пунто со скопски регистарски таблички синоќа гореше во центарот на Куманово, информираат од Територијалната противпожарна единица Куманово.

На запалениот автомобил е интервенирано од 19.30 до 19.55 часот, со едно возило и 5 пожарникари, по што огнот е ставен под контрола. Не се познати причините за појава на пожарот, ниту материјалната штета.