Гореше борова шума во Срезовце
19.07.2018 06:08
| KumanovoNews
Повеќе од 12 часа горела борова шума во кумановското село Стрезовце.

Како што соопштуваат од Регионалниот центар за упаравување со кризи (РЦУК) пожарот избувнал во 02.45 часот, а бил локализиран дури во 16 часот. Територијалната противпжарната единица (ТППЕ) интервенирала со 1 возило и тројца пожарникари во повеќе наврати, додека го ставила огнот под контрола. Причина за пожарот, површината и матерјалната штета допрва ќе се утврдуваат.
ТППЕ Куманово во изминатото деноноќие интервенирала и на запален отпад во с.Романовце во близина на бензинска пумпа ЛУКОИЛ, од 15:20 до 15:50 часот со 1 возило и 3 пожарникари.