Мени

Гореше дивата депонија во „Перо Чичо“

13.08.2018 08:17 | KumanovoNews

Вчера попладне, гореше сува трева и ѓубре на дивата депонија на влезот во населбата „Перо Чичо“, спроти маркетот „Туш“.

Гореше дивата депонија во „Перо Чичо“

Според информациите од Регионачниот центар за управување со кризи(РЦУК), пожарот е пријавен во 17 часот, а по интервенција на противпожарната единица локализиран e во 18 часот.

Граѓаните на социјалните мрежи реагираа на честата појава да се потпалува ѓубрето, бидејќи се загадува воздухот во градот.

Во изминатото деноноќие регистриран е пожар и во с.Косматац на запалено стрниште, интервенирано е во време од 20:40 до 23:15 часот.