Гореше сува трева во Речица
22.08.2015 11:23
| KumanovoNews
Во текот на изминатото деноноќие гореше сува трева во селото Речица.

Територијалната противпожарна единица Куманово интервенираше од 17.15 до 18.20 часот, со едно противпожарно возило и 4 пожарникари. Причина за појава на пожарот е човечки фактор.
Други интервенции не се регистрирани во последните 24 часа.