×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Горивата поскапуваат за половина денар по литар

    29.06.2020 11:46 | KumanovoNews

     Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05 отсто.

    Горивата поскапуваат за половина денар по литар

    Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 изнесува 61 денар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 63, ЕУуродизел  (ДЕ V) за 52,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52 денара за литар.

    Со одлуката на РКЕ за 0,428 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 25,824 денари за килограм.

    Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на референтните цени на бензинот во просек за околу 2,574 отсто и за околу 1,568 отсто кај дизелот во последните седум дена, како и за 0,175 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.