Градежен работник паднал од скала и си ја повредил главата
28.05.2018 08:18
| KumanovoNews
С.Ј.(57) од кумановското село Биљановце, додека се симнувал од дрвена скала од објект во изградба во с.Клечовце паднал и се здобил со повреди на главата.
Поради сериозноста на повредата С.Ј. бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клини „Мајка Тереза“ во Скопје.
Несреќата се случила завчера околу 19 часот, а случајот во полиција го пријавил лекар од Ургентен центар Куманово. Увид на место извршила екипа од СВР Куманово.