Граѓаните бараат побрзо да се исчисти снегот
Граѓаните бараат надлежните служби побрзо да реагираат и да го исчистат улиците и тротоарите од снег.

Незадоволни од состојбата на улиците во текот на денот, тие бараат темелно чистење на улиците не само во централното градско подрачје, туку и на периферијата на градот.
Воопшто не сум задоволна, треба поубаво да се исчисти. Замрзнато е, ќе паднеме, ќе се повредиме. Мраз има секаде. Градоначалникот треба да преземе мерки, кој друг? Јас и за дуќанџиите имам забелешки - вели Вера Николовска, граѓанка.
Таксистите велат дека споредните улици се подледени и возилата неможат нормално да се движат.
Граѓаните додаваат дека иако е период меѓу празници, Нова година и Божиќ, сепак треба во прв план да бидат интересите на граѓаните и да се расчисти снегот.
Празници се ближат, има малку снег, не е баш најдобро исчистено, ама ќе биде подобро јас мислам, се надевам - кажа возач.
Од секторот за инспекциски надзор во општина Куманово велат дека комуналните инспектори се на терен, а за граѓаните и дуќанџиите кои не исчистиле ќе следуваат казни од 50 евра.