×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните да не употребуваат петарди и оружје за празниците, апелира МВР

    25.12.2017 16:18 | KumanovoNews

    По повод новогодишните и божиќни празници, МВР апелира до граѓаните да се воздржат од каква било употреба на петарди и други пиротехнички средства, како и огнено оружје при прославувањето на празниците.

    Граѓаните да не употребуваат петарди и оружје за празниците, апелира МВР

    „Не само заради предвидените законски санкции, туку и заради опасностите што по безбедноста, здравјето и животот на граѓаните ги носи употребата на овие средства. МВР ја информира јавноста дека препродавањето и употребата на пиротехничките средства, како и употребата на огненото оружје нема да биде толерирано и најстрого ќе биде казнето“, - соопштуваат од МВР.

    Во тек се и превентивните и други активности во насока на информирање на граѓаните за последиците што можат да произлезат од таквиот начин на прославување на празниците.

    Во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 е предвидено дека: кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност.

    Исто така во Кривичниот законик според член 396  кој се однесува токму на недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи децидно стои дека:“

    (1) Тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години.

    (2)Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години.

    (3) Ако делото од ставовите (1) и (2) на овој член е сторено во група, банда или друго злосторничко здружение, сторителот ќе се казни со затвор најмалку осум години.