Граѓаните од пет кумановски улици без струја
16.11.2015 13:20
| KumanovoNews
Граѓаните на пет улици во центарот на градот утре ќе бидат без струја.

Од ЕВН Македонија информираат дека без струја од 7.15 до 15 часот ќе бидат домаќинствата од улиците “Перо Шварц“, “Миле Кипра“, “Нада Михајлова“, “Власто Радоњанин“ и “Ангел Дуцо“. Прекините ќе бидат поради изведување на инвестициони зафати во мрежата.