Градоначалникот Дамјановски со честитка за Курбан Бајрам
24.09.2015 09:08
| KumanovoNews
Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски на граѓаните од исламска вероисповед им го честита празникот Курбан Бајрам.

Од името на општинската администрација и од свое лично име на сите граѓани од исламската вероисповед им го честитам празникот Курбан Бајрам. Им посакувам добро здравје, мир, радост и многу успеси. Куманово е град на различности и мултиетнички град. Ние покажавме како со меѓусебно почитување, разбирање и толеранција се создава добар соживот“ - стои во честитката.