×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалникот Димитриевски го извисил министерот Ахмедовски, реагираат од ПЦЕР

    15.02.2018 15:10 | KumanovoNews

    Министерот без ресор Аксел Ахмедоски, два часа го чекал кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на договорена средба во Општината, но тој не се појавил.

    Градоначалникот Димитриевски го извисил министерот Ахмедовски, реагираат од ПЦЕР

    Како што реагираат од Партијата за целосна еманципација на Ромите-ПЦЕР, коалициски партнер во владата на СДСМ, потпреседателот на партијата и актуелен министер имал закажано средба пред една недела со грaдоначалникот на Кумaново, Максим Димитриески. Во закажаното време министерот Ахмедоски стигнал во Општината, но градоначалникот се појавил. По еден час се извинил дека имал средба на која морал да оди и рекол дека веднаш се враќа. По два часа чекање градоначалникот не дошол, по што министерот си заминал од Куманово.

    Од партијата додаваат дека не било прв пат министер од ПЦЕР да извиси од градоначалникот. Истото му се случило и на поранешниот министер, а сега пратеник Самка Ибраимоски. И тој два часа го чекал Димитриевски.

    „Дали би се однесувал вака кога би дошол некој министер од неговата партија, или дека министерот Ахмедоски е од ромската заедница, па нека чека. Вака држава не бива, со ваква дискриминација на министер, немаме коментар. Димитриевски е целосно неодговорна личност и не ја почитува функцијата министер. Министерот не дојде да ве види Максим, туку да сработи тоа што му е дадена обврска од Владата за локалните акциски планови. Констатираме дека вие не сакате да помогнете на Ромите во Куманово што ви ги дадоа гласовите за да станете градоначаник. Бараме министерот за локална самоуправа да преземе законски мерки за некоректниот однос на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриески“,  реагира ПЦЕР.