Градоначалникот на Ранковце повреден во сообраќајка
Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа, која вчера во 18 часот се случила на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка.

Во сообраќајката учествувале патничко возило Лада Нива со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д. (49) и патничко возило Шкода Рапид со кривопаланечки регистарски ознаки, сопственост на општина Ранковце, управувано од И.Т. (51) од с.Ветуница, општина Ранковце.
С.Д. поради дефект запрел на коловоз, а во задната страна на неговото возило удрило возилото Шкода рапид.
По незгодата, возачот И.Т. побарал лекарска помош во болницата во Куманово, каде бил примен и прегледан од лекар кој констатирал телесни повреди.
По укажаната лекарска помош повредениот бил пуштен на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.
За Кумановоњус, градоначалникот потврди дека синоќа се здобил со повреда на главата во сообраќајна несреќа, но се чувствува добро и денеска бил на работното место.