Градот го оштети родот во повеќе села
Градот кој паѓаше вчера го оштети родот во повеќе села.

Најмногу штета имаат мештаните од селата Облавце, Стрезовце, Канарево, Макреш, Младо Нагоричане и Војник, каде се уништени лозја, домати, пиперки и други култури по нивите.
Луѓето од овие села кажаа дека невремето било страшно, паѓале дури и ќерамиди од куќите и направена е голема штета. Оние кои се осигурани ќе добјат оштета, но голем дел не ги осигуруваат насадите. И во други села паѓал град во Табановце, Умин Дол, м Љубодраг, но таму бил поситен и помешан со дожд и затоа нема направено големи штети - вели Стојко Ивановски, секретар во Здружение на земјоделски производители Куманово.
Претставници од општина Старо Нагоричане излегоа на терен за да видат колкави штети има и на итна седница на Совет, советниците ќе одлучат дали ќе биде прогласена елементарна непогода.