Грчки државјанин сакал да прошверцува девизи на Табановце
28.09.2015 12:30
| KumanovoNews
Грчки државјанин минатата недела е спречен во обид да прошверцува девизи на граничниот премин Табановце.

Вкупно 39.500 евра се откриени при контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин. Во мала рачна ташна сместена зад возачкото седиште, пронајдена е хартиена кеса со 49.500 евра. Согласно законските прописи на патникот му се вратени 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да ги изнесе од државата, а 39.500 евра се привремено задржани. Против прекршителот е започната прекршочна постапка.
Минатата недела спречен е шверц на текстил, телевизор и универзални катализатори за товарни возила.